4NEWS.mk

Драма во Кина: 17 работници затрупани во одрон од камења додека поправале пруга

Најмалку 17 работници се затрупани во одрон од камења додека работеле на поправка на железничка пруга на југозападот од Кина.

Спасувачките тимови досега ги извлекоа телата на четворица настрадани работници во округот Ганлуо, во провинцијата Сечуан, пренесе официјалната агенција Синхуа.

Стотици спасувачи трагаат по преостанатите исчезнати работници со помош на дронови и остната опрема.

Причината за одронот не е позната, а работниците ја поправале пругата оштетена во претходен одрон на таа делница.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни