Вистинска драма се случувала во маркет во Скопје, во текот на вчерашниот ден помеѓу двајца вработени. Како што информираат надлежните органи, дошло до физичка пресметка меѓу двајца додека ги извршувале работните обврски среде бел ден.
„На 02.06.2022 во 15.20 часот во Полициската станица Гази Баба, В.К.(27) од Скопје пријавил дека на работно место во маркет на ул.„15. корпус“ бил физички нападнат од неговиот колега А.Т.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, се наведува во соопштението на МВР доставено до медиумите по електронски пат.