Балкан

Драма во Црна Гора: Во престрелка во Никшиќ убиен маж (31), уапсени две лица

Драма во Црна Гора: Во престрелка во Никшиќ убиен маж (31), уапсени две лица

Во Никшиќ утрово околу 03.40 часот во населбата „Будо Томовиќ“ е убиен Р.П.(31).

Како што изјавија за „ Вијеста “ од Општата болница, тој бил убиен и донесен во болница без знаци на живот.

Како што неофицијално дознава „Вијести“, полицијата уапсила осомничен за убиство, како и едно лице за непријавување кривично дело.

Полицијата ги презема сите мерки за утврдување на околностите под кои е убиен младиот човек.

Истрагата ја спровеле службеници на ПЈ Никшиќ во присуство на обвинителката Радмила Гачевиќ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни