Полицијата во Белград синоќа на 11 декември интервенираше пред Претседателството на Србија на протестот организиран од студенти во Србија.
Тамошните студенти бараат да се објават сите документи поврзани со реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад, вклучително и настрешницата што се урна на 1 ноември, при што загинаа 15 лица, главно млади луѓе, а двајца беа тешко повредени. Тие бараат и да бидат казнети оние кои ги нападнаа студентите кои протестираа и да се ослободат сите активисти кои беа уапсени на протестот.
Од Андриќовиот венец во Белград во еден момент до нацијата се обрати и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Тој рече дека ги почитува сите што решиле да се соберат на протестот, но е на ставот дека овие протести се строго политички.
Pendrecima na studente! @avucic skupo ćeš ovo platiti, bijete omladinu i najbolje što ova zemlja ima, to samo hulja kao ti može!
Video sa YouTube UNS pic.twitter.com/Qz1Wf1bZ8y— Miran Pogačar (@MiranPogacar) December 11, 2024
Неговото обраќање беше проследено со свирежи и мирно изразување на незадоволство, а студентите повикаа на исполнување на нивните барања. Меѓутоа, како што пренесува Нова.рс, полицијата во тој момент формирала кордон за да обезбеди минување на високи функционери, а потоа ја нападнала толпата.
Студентите направија круг околу зградата за да ги спречат функционерите да го напуштат Претседателството, а потоа полициска бригада со штитови направи премин пред влезот за Вучиќ да ја напушти зградата.
На видеата се гледа како полицијата физички напаѓа млади луѓе, удирајќи ги со палки и тупаници. Полициската бригада со штитови ги растерала студентите, кои со врева и свирежи ги придружувале службениците кои го напуштиле Претседателството.
Sram vas bilo, pendrek na devojcice i decake. pic.twitter.com/XL2DQv8BWo
— ZEKKI🇷🇸 (@ZekiPejic) December 11, 2024
Студентите потоа ја следеа полициската бригада која се повлекуваше пред нив до Улица кнежа Милоша, каде што ја блокираа раскрсницата.
Pritisak 300 sa 200 pic.twitter.com/73HSwVQuCM
— Mirko Topalovic official (@mirkotopalovic7) December 11, 2024
Кучиња, заштитете ги убијците“, „студентите не молчат“ и „имате ли деца дома“, извикуваа студентите, а ерупција на незадоволство имаше и на социјалните мрежи: „Студенти за студентите!“, „Вучиќ, скапо ќе го платиш ова!“, „Вака падна и Слоба!“, се само дел од коментарите.
Студентите за денеска во 19 часот најавија нов протест, овој пат пред зградата на Радио и телевизија на Србија, додека Вучиќ рече дека денеска ќе ја објави целата документација што ја имаат поврзана со железничката станица во Нови Сад. Блокадата ја иницираа студентите на Факултетот за драмски уметности во Белград, а им се приклучија речиси 50 државни факултети во Србија. Само два факултети во Белград не донесоа одлука за прекин на работата, а што се однесува до универзитетите во Нови Сад, Ниш и Крагуевац, таму е зголемен бројот на блокирани високообразовни институции.