Балкан

Дрогиран шофер преврте автобус со 20 патници во Бугарија

Дрогиран шофер преврте автобус со 20 патници на магистралата „Тракиа“ во соседна Бугарија.

За среќа нема загинати лица, а неколку патници се здобиле со полесни повреди.

Возачот веднаш бил тестиран за алкохол и дрога, по што резултатите покажале дека тој нема алкохол во крвта но имало присуство на амфетамин.

Земени се и примероци од крвта кои се анализираат.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио во Славјанка Петровска 22.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни