Дрвокрадци-камикази од Прилеп се судриле со Шумска полиција, две лица приведени – по две се трага!

Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов на својот Фејсбук профил пишува дека во Прилеп синоќа имало повторно дрвокрадци – камикази.

Како што вели, повторно имало намерен судар со службено возило на шумската полиција!

„Две лица се приведени на лице место, по останати две кои се познати се трага, а двете возила и огревното дрво се одземени и предадени во ПШС „Црн Бор“ – Прилеп.

На местото доцна во ноќта извршила увид и фотографирање увидна екипа од МВР.

Инаку се работи за добро познати дрвокрадци за кои и претходно има поднесувано пријави за дела поврзани со дрвокрадството.

Нема да отстапиме од оваа битка, не знам како повеќе треба да им објасниме на овие луѓе“, вели тој.