Во „10МИНУТИ“ на ТВ21 гостуваше Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации. Центарот правел истражувања за набавени возила од страна на државните институции.
За нови возила за само две и пол години, државата потрошила 8 милиони евра. Купени се 392 возила по средна цена од 17.000 евра за возило или вкупно нешто над 8 милиони евра биле потрошени од страна на државните институции.
„Набавени биле 392 возила вкупно, и вредноста е 8 милиони и 130 илјади евра. Бидејќи просечната цена нема да го даде точниот резултат, средната цена е 17 илјади евра од возило“, вели Герман Филков.
.