Државата видеолотарија купила Шкода и Мерцедес за 91 ИЛЈАДИ ЕВРА

Според последното истражување на Центарот за граѓански комуникации, во текот на кризниот период од март 2020 наваму, нови патнички возила набавиле 42 државни институции. Набавени се вкупно 142 патнички возила за 3 милиони и 609 илјади евра. Анализата ги опфаќа само патничките возила, а не и комерцијалните, односно товарните, транспортните и техничките возила.

Најскапи три купени возила се „Шкода Суперб ФЛ“ од 47 илјади евра и „Мерцедес Ц 180“ од 44 илјади евра – и двете на Државата видеолотарија, а на трето место е „Хјундаи Сонада“ на Агенцијата за електронски комуникации по цена од 43 илјади евра.

Пет возила со највисоки поединечни цени

Возило

Вредност (евра)

Набавувач

Година

Шкода „Суперб“

47.551

Државна видеолотарија

2022

Мерцедес „С 180“

44.143

Државна видеолотарија

2021

Хјундаи „Сонада“

43.110

АЕК

2022

Шкода „Суперб“

39.338

Претседател на РСМ

2021

Шкода „Суперб“

39.035

СОЗР

2021

 

Истражувањето е спроведено врз основа на податоците од Електронскиот систем за јавни набавки и директно од државните институции. Во истражувањето се опфатени само набавките на патнички возила и не се опфатени т.н. комерцијални возила, односно товарните, работните и возилата од технички карактер. Исто така, вклучени се само новите возила, а не и набавените половни возила. Некаде се вклучени и возила во чиј опис на набавка пишува дека се транспортни, но всушност се набавени возила кои можат да служат и како патнички.

Содржината на оваа анализа е единствена одговорност на Центарот за граѓански комуникации и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или на организациите што ја спроведуваат.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното