ДУИ: Државниот пазарен инспекторат го укина албанскиот јазик од службена употреба, уште еден неприфатлив чин!

Денеска откриваме уште еден неприфатлив чин од страна на државна институција – Државниот пазарен инспекторат го укина албанскиот јазик од службена употреба! – велат од ДУИ во соопштение.

„Во неговите нови документи, албанскиот јазик е целосно избришан, со што се прекршуваат сите законски и уставни норми што гарантираат употреба на двата службени јазици.

Овој чин не е техничка грешка – тоа е намерен акт и флагрантно кршење на јазичната еднаквост.

Ова не е прв, а за жал, нема да биде ни последен случај.

Станува збор за систематски обид за деградирање на политичко-правниот статус на Албанците, постигнат со Охридскиот договор.

Тие што молчат пред оваа неправда се подеднакво виновни како и тие што ја спроведуваат оваа дискриминаторска политика.

Ние нема да молчиме!

Албанците ќе реагираат жестоко за еднаквост, правда и заштита на институционалното достоинство!

Вреди се претворија во инструмент за газење на вредностите на еднаквоста и правдата.

Народот и историјата ќе им го дадат заслужениот суд.

Овој режим има објавено отворен напад против статусот на Албанците и се обидува со сите сили да направи ревизија на Охридскиот договор.

Никаков обид да не направат граѓани од втор ред нема да помине!

Еднаквоста не е предмет на преговарање – тоа е неотуѓиво право што ќе се заштити!“ – се вели во соопштението.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното