Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска остро реагираше на, како што велат, „еднострана и неправедна агресија“ од страна на институциите на државата насочена кон Албанците. Во соопштението на партијата се вели дека премиерот, министерот за внатрешни работи и државниот обвинител „селективно ја насочиле истрагата против Албанците кои биле дел од институциите на системот, во каква било форма и во кое било време“.
ДУИ обвинува дека станува збор за „освета, а не правда“, и дека институциите се целосно „заробени од политички и етноцентрични интереси“. Според партијата, оваа постапка не ги таргетира само поединци, туку целиот албански народ, без разлика дали се работи за ДУИ, други албански политички партии или поединци во институциите.
„Ова не е правда, ова е одмазда за вклучувањето на Албанците во институционалните процеси“, стои во реакцијата.
ДУИ најавува дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за да го спречи, како што го нарекува, „нападот“ и да обезбеди правда за Албанците во државата.