ДУИ: Укинувањето на балансерот ќе отвори многу нови проблеми и ќе ги наруши темелите на Охридскиот договор

Од ДУИ ја коментираа одлуката за почеток на процедурата за оценка на уставноста на балансерот од страна на Уставниот суд, и кажаа дека евентуално укинување на оваа алатка, ќе придонесе за многу проблеми во следниот период, но и дека со тоа ќе се нарушуваат основите на Охридскиот рамковен договор.

„Последната одлука на Уставниот суд за започнување на процедурата за оценка на уставноста на одредбите поврзани со „припадноста на заедницата” во контекст на вработувањето во јавниот сектор, односно поништување на “балансерот”, е само почеток на влошувањето на меѓуетничките односи, кои беа изградени со многу потешкотии.

Прашањето за укинување на “балансрот” ќе отвори многу нови проблеми во наредниот период, кои можат и ќе доведат до нарушување на темелите на Охридскиот договор.

И ова, дури и ако владеат самостојно, без Албанците, ВМРО, ЗНАМ и Стоилковиќ не би го постигнале.

Жалосно е тоа што рушењето на Охридскиот договор се случува во време кога во Владата е и коалицијата која ги загуби изборите во албанскиот блок ВЛЕН, која е заслепена поради неколкуте владини позиции.

Но, така се случува кога се крши волјата на Албанците и без срам се станува вазал на ВМРО, против секој национален интерес.

Јасно е дека оваа моноетничка влада, без легитимитет од Албанците, сака да ја врати претходната нееднакво. Затоа ги прашуваме нивните вазали од ВЛЕН, во овој дух, како што течат работите, дали следниот чекор е констатацијата дека “декларацијата на етничката припадност” за кандидатите за пратеници е “антиуставна”? Затоа што токму тоа алудира на одлуката на Уставниот суд: “Декларацијата на етничката припадност ја повредува слободата на граѓаните”! Дали и за ова ќе ја оправдате одлуката, како што ја оправдувате суспензијата на балансерот заедно со ВМРО и ЗНАМ?“, прашуваат од ДУИ.