Два важни лека пристигнаа на Онкологија – пациентите ќе ја примат потребната терапија

Два лека, кои недостасуваа на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, конечно пристигнаа и пациенти се известуваат дека можат да ја примат потребната терапија, потврди директорот Игор Стојковски за МИА.

Тој изјави дека од следната недела ќе се обезбедат нови буџетски средства, што ќе овозможи непречено снабдување со терапија за пациентите на клиниката до крајот на оваа година. Во случај на дополнителни потреби, Стојковски уверува дека Фондот за здравствено осигурување ќе ги поддржи со додатни средства.

Како што изјави, уште еден лек треба да биде на располагање на клиниката од утре, додека останатите три ќе пристигнат на почетокот на февруари, по завршување на сите административни процедури.

– Останатите три лека ќе пристигнат на клиниката на почетокот од февруари. Се довршуваат административните процедури за оние лекови што недостасуваат, со цел да ја обезбедиме соодветната терапија за пациентите, подвлече Стојковски во изјава за МИА.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното