Свет

Два воза се судрија во близина на главната станица во Прага – има повредени

Два воза се судрија во близина на главната станица во Прага – има повредени

Два воза се судриле утринава во близина на главната железничка станица во Прага, при што се повредени повеќе лица, соопштија противпожарните служби.

Според првичните информации, најголем дел од повредените се здобиле со полесни телесни повреди. Сите служби за итни интервенции се на терен и постапуваат по железничката несреќа, пренесува Радио Прага.

Железничкиот сообраќај на оваа делница е целосно прекинат, а возовите што сообраќаат на долги релации се пренасочуваат кон други железнички станици во Прага, соопшти Управата на чешките железници.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни