Пилот загина откако авион на Војската на Србија се урна во нива меѓу Нова и Стара Пазова, потврдено е за Радио-телевизија Србија.
Станува збор за МиГ-29 од составот на 204. воздухопловна бригада, стационирана на аеродромот во Батајница.
На местото на несреќата се припадници на Војската на Србија, полицијата и Воената полиција, како и пожарникари и екипи на итната помош.
Засега нема официјални информации за причината за падот на авионот. Според извештајот на РТС, Министерството за одбрана сè уште не се огласило за несреќата.