Две деца на возраст од три и година ипол попладнево го загубија животот во пожар во Шутка

Две деца на возраст од три и година ипол попладенво го загубија животот во пожар кој избувна во населбата Шутка.

Екипата на Сител на лице место од очевидците дознава дека при пожарот паднал покрив од куќа. Први напомош пристигнале соседите кој успеала да спасат две од вкупно 4 деца кои биле во куќата. 

Од пожарот се зафатени 3 околни куки.

На лице место дојде и премиерот Оливер Спасовски. Во моментов возило на погребалното претпријатие Бутел влезе во куката најверојатно за да ги подигне телата. 

За причините за пожарот и детали во Дневникот во 19 часот.

 

Наташа Хаџиспирковска Стефанова

Извор: Сител телевизија