Очекувате финансиски прилив? Денес е вистинскиот ден за два хороскопски знака
Шкорпија
Денес е можен прилив, кој ќе ве расположи. Доколку сте сами, денес е можно да добиете повик или да слушнете глас во врска со некоја стара љубов. Тоа ќе ве врати назад и ќе почувствувате дека емоциите ви се враќаат.
Општи карактеристики за шкорпија
Силните шкорпии се управувани од две планети Плутон – планетата на моќта и контролата и Марс – планетата на војната и енергијата. Плутон е извор на власт и влијание, но и на мистерија (во митологијата Плутон е Бог на подземниот свет). Многу шкорпии се „дават во темнината“ и многу често носат црно или шокираат со бои, како црвената и розовата. Мистериозните Шкорпии се најнеразбирливиот знак во хороскопот.
И шкорпијата и овенот се управувани од Марс. Во древната митологија, Марс е бог на војната. Под влијание на Марс шкорпиите се стратезите во хороскопот, тајните агенти, кои планираат, додека овните се на чело на битката.
Ако сте родени во овој знак, исто како и митолошката шкорпија и вие реагирате остро на сè и не сакате да се потчинувате на заповеди. Понекогаш развивате самоуништувачко поведение и исто како и шкорпијата може да се „самоизедете“ пред некој друг да го направи тоа. Кога еднаш земете решение не го менувате и понекогаш ги постигате дури и оние цели, кои што други би ги нарекле невозможни.
Водолија
Ова би можело да биде доста успешен ден, но од вас ќе се бара многу ангажирање. Всушност и вие самите нема да бидете задоволни со себе ако не би работеле доволно. Што се однесува до финансиите ве очекува добивка на која не сте се надевале.
Сентименталниот живот ќе ви биде одличен, ве очекуваат многу убави моменти во друштво на вашиот партнер.
Општи карактеристики за водолија
Водолијата е управувана од Уран – планетата на оригиналноста, мудроста и целосната слобода. Симболот на водолијата е носачка на вода, а симболиката на знакот е носење на нови идеи. Родените во овој знак се бескраен извор на нови и оригинални идеи.
Вие им давате животворна течност на блиските, а пријателствата се многу важен аспект од вашиот живот. Најдобрата ваша карактеристика е тоа што можете да се спријателите со секој, па затоа имате голем број пријатели. Најсреќни сте кога сте заобиколени од необични луѓе со нестандардни идеи.
Работите упорно и енергично за да ги распространите вашите идеи, особено кога тие имаат некаква хуманитарна цел. Вие секогаш знаете како да го најдете идеалното решение за секој проблем. Различни сте од толпата и може да бидете многу добар лидер.