Две кражби во цркви во Сопиште и Центар

На 19.05.2025 во 09.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 18.05.2025 до 19.05.2025 со употреба на физичка сила и погоден алат од објект во  двор на црква на подрачјето на село Сопиште, скопско, одземени се разни предмети и ѕвоно од камбанаријата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Денеска (20.05.2025)  во 10.00 часот во СВР Скопје, од црква на подрачјето на Центар во Скопје е пријавено дека на 18.05.2025 во периодот од 17.00 до 17.45 часот со употреба на физичка сила и погоден алат од објект во кругот на црквата е одземен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното