Од Министерството за внатрешни работи за 4news.mk информираат дека две лица се повредени по пукање во шопинг центарот Ист Гејт.
„Денеска (24.10) од трговскиот центар Ист Гејт во Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош. Полициски екипи се упатени на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во соопштението од МВР за 4news.mk.