Две лица загинаа при судир на два американски авиони во Јапонија

Пет лица се водат како исчезнати, а две се загинати откако два американски авиони се судрија и се урнаа во море во Јапонија.

„Инцидентот се случил кога авионите полетале од базата Ивакуни во Јапнија, за да ги извршат однапред закажаните вежби“ – се наведува во соопштението.

Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека нивните поморски сили досега откриле двајца од седумте маринци кои биле на авионот – борбен авион Ф / А-18 и КК-130, а јапонските официјални лица изјавиле дека инцидентот се случил на околу 100 километри од јапонскиот брег, каде двата пилота се пронајдени.

Извор: ТВ21