Две лица загинаа по пад на мал авион во поширокото подрачје на Манчестер, пишува „Sky News“. Несреќата се случила на земјоделско земјиште во Литлборо, во областа Рочдејл, нешто по 11 часот.
Полицијата на Манчестер соопшти дека двајца мажи загинале на лице место. Се верува дека во леталото немало други лица и нема пријавени повреди на тлото.
„Ова е разорен инцидент во кој две лица ги загубија животите и нашите мисли се со нивните семејства и пријатели. Во текот на денот тесно соработувавме со колегите од итните служби и партнерските агенции за да ги утврдиме сите околности, а на лице место ќе останеме во текот на ноќта и утре“, изјави шефот на полицијата, Дани Инглис.
Тој додаде дека присуството на полицијата ќе биде засилено додека службениците и истражителите детално ја спроведуваат истрагата.
