Две лица се загинати како последица на повредите од тешката сообраќајна несреќа која се случи вечерва во Гостивар. Сообраќајката се случила на регионалниот пат Гостивар – Кичево, откако автомобил БМВ се судрило со камион со странски регистарски таблички.
Од СВР Тетово информираа за сообраќајката.
„Во судар на патничко возило со гостиварски ознаки и камион со странски таблички, едно лице починало на самото место, а другото во болницата во Гостивар. Заради увидот и утврдување на причините кои довеле до несреќата сообраќајот на овој патен правец е во целосен прекин од 21:20 часот“, велат од СВР Тетово.

