Македонија

Две сообраќајни несреќи попладнево во Скопје: Една на мостот Гоце Делчев пред Влада, другата кај МРТ – сообраќаен метеж

Попладнево две сообраќајни несреќи во Скопје речиси го блокираа целиот град.

Првата кај мостот Гоце Делчев пред Влада, на терен е полицијата која го регулира сообраќајот.

Сообраќајот се одвива отежнато, а поради несреќата предизвикан е и сообраќаен метеж.

Нема во моментов информации како дошло до несреќата.

Втората несреќа е пред зградата на МРТ во насока кон трговскиот центар East Gate.

Препорачваме да се избегнуваат овие два правци.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни