ЕБОР вложила во Западен Балкан повеќе од 1.1 милијарда евра

Европската банка за обнова и равој (ЕБОР) инвестирала вкупно повеќе од 1.1 милијарди евра во Западен Балкан во 67  проекти минатата година. Ова е далеку поголема бројка од онаа во 2017 година која изнесувала 700 милиони евра во 57 проекти.

ЕБОР дополнително ги интензивираше своите ангажмани во политиката во регионот затоа што беше домаќин на третиот самит за инвестиции во Западен Балкан, која ги собра сите шест премиери од регионите во седиштето на Банката во Лондон.

За 2019 година, ЕБОР постави амбициозни планови и цели во развојната агенда и ќе го подигне квалитетот и количината на своите инвестиции.

Извор: ТВ21