ЕДЕН МЕСЕЦ ПРЕД КОНЦЕРТОТ ВО ЗАГРЕБ: Бендот го напушти пејачот Жељко Бебек!

Додека поранешниот пејач на „Бјело Дугме“ се подготвува за концерт во хрватската престолнина закажан за 28 октомври, неговиот бенд објави дека го напушта по 10 години соработка.

Еден од најголемите рок пејачи, Жељко Бебек, слави 50 години од својата кариера, а по тој повод есенва најавува голем музички спектакл во Арена Загреб.

Членовите на бендот на Фејсбук јавно се простија од соработката со Бебек.

– Сакаме да му се заблагодариме на Жељко Бебек за повеќе од 10 години доверба и соработка. Ни беше голема чест – рекоа тие.

Новосоздадената ситуација ја коментираше сопругата на Бебек, Ружица, која рече дека одлуката не е донесена баш сега, туку дека тоа трае од порано.

-Таа одлука не е донесена баш сега, тоа трае од порано, само се договоривме да го направиме тоа што треба да се направи со нив. Вториот бенд е одамна готов – изјави Ружица за „Story.hr“ и потврди дека неговиот син Звонимир продолжува да соработува со својот татко, кој исто така ќе настапи во Арената со новиот бенд.

– Секако дека ќе игра со татко му, ова нема врска со него – изјави Ружица.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното