Еден од повредените во Цетиње во многу критична состојба: Има прострелна рана во главата

Останатите тројца пациенти се одвоени од апаратот за дишење, и се уште се во стабилна состојба со добра прогноза, информираат од Клиничкиот центар.

Еден од четворицата пациенти ранети пред два дена во Цетиње се уште е во многу критична состојба, со неизвесен исход, соопштија од Клиничкиот центар.

Тој пациент има прострелна рана во главата, и е во индуцирана кома, седатиран и неговата состојба редовно се следи, велат од установата.

По детална анализа, преглед и сите наоди, како што додаваат, останатите тројца пациенти се одвоени од апаратот за дишење, и се уште се во стабилна состојба со добра прогноза.

Тим од лекари од Клиничкиот центар на Црна Гора, составен од анестезиолози, хирурзи, уролози и неврохирурзи, извршија утринска посета на пациенти од Цетиње кои од приемот, по операцијата, се под постојан медицински надзор“, се вели во соопштението.

Ацо Мартиновиќ од Цетиње пред два дена застрела 12 лица, а потоа се самоуби. Четири ранети се хоспитализирани во Клиничкиот центар.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното