Еден загинат, двајца исчезнати во рудник во Словенија

Еден рудар загина, а двајца се исчезнати откако во понеделникот вечерта беше поплавен рудник за јаглен во градот Велење, соопшти компанијата која стопанисува со рудникот.

„Во моментот на поплавата во рудникот работеле 14 рудари. Тројца не го напуштиле рудникот и се водат за исчезнати“, соопштија од компанијата Премоговник Велење по несреќата. Оттогаш е пронајдено едно тело.

Спасувачите ја продолжуваат потрагата по двете исчезнати лица, а на местото на несреќата се очекува словенечкиот премиер Роберт Голоб.

Отворена е истрага за да се утврдат причините за несреќата, но „и покрај сите безбедносни мерки не може да се предвиди ваков настан“, уверуваат од компанијата.

Ова е прва фатална несреќа во словенечки рудник откако двајца рудари загинаа во 2003 година.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното