Од партијата Единствена Македонија денеска преку соопштение велат дека марионетската власт во Скопје синоќа употреби брутална сила.
„Беа тепани мажи, жени, млади, возрасни, беше тепан македонскиот народ. Цела Македонија синоќа виде прекумерна сила надвор од сите правни акти за работа на полицијата. Наредбата за употреба на прекумерна сила ја издал лично министерот Спасовски. Исто така, после настанот апсени се невини лица, а единстевната нивна вина е што ја искажаа својата патриотска определба спрема Татковината, односно, беше искажан народен револт против бугаризацијата што ја прави марионетската власт во Скопје купена и контролирана од странски центар“, велат од таму.
Тие додаваат дека Македонија живее во мрачното доба на новиот светски поредок, ги живее најтешките денови од својата историја, погазена, фрлена на колена, згазена со шарени револуции, со специјални операции на западните служби.
„Но едно да знаат. Нашата партија денеска е Македонија, за неа ако треба и ќе погинеме, нема повеќе отстапки пред ниту една сила, единствени заедно“, посочија од партијата.