Едно дете загина, а седум други деца и еден маж се повредени во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Нови Сад – Белград рано наутро на 29 октомври.
Несреќата се случила околу 3:30 часот наутро, откако наплатната рампа во правец на Белград, кога комбето излетало од коловозот, ја пробило заштитната ограда и паднало во канал.
Според досегашните информации, од причини кои засега се непознати, комбето, „Опел Виваро“, со белградски регистарски таблички, управувано од 43-годишен маж, се превртело.
Алкотестот утврдил дека возачот на комбето не бил под дејство на алкохол, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МВР).
Во возилото имало осум малолетни патници, на возраст од 13 до 16 години, членови на џудо клубот „Партизан“ од Белград, кои се враќале од меѓународен спортски камп и натпревар во Азербејџан, додаде МВР.