На грчкиот остров Крит, денеска е најдено тело на 61-годишен сточар, кој беше пријавен за исчезнат, по силното невреме кое траеше со денови.
На Крит не престана да врне речиси шест дена, а до придонесе едно лице да го загуби животот, а неколку патишта и мостови биле уништени. Сточарот е најден 24 часа откако бил исчезнат на 10 километри каде што бил последен пат виден.
Островот Крит претставува едно од најпознатите туристички дестинации во Грција. Изминатите денови беше под силно невреме. Наврнати се големи количини на вода, а властите чекаат да се смири времето, па да ги проценат штетите.