Македонија

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа вечерва во Скопје

Во тешка сообраќајна несреќа која доцна вечерва се случи во Скопје во близина на зградата на Општина Гази Баба загина едно лице.

До овој момент, нема информации како дошло до несреќата.

Автомобил марка Ауди според првичните информации удрил во пешак кој загинал на лице место.

На терен е полицијата, а по пристигнувањето на Брзата помош направен и обид за реанимација врз пешакот, но тоа за жал било неуспешно.

Сообраќајот се одвива наизменично во овој дел од градот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни