Во штипската населба „Три чешми“ денеска се одвиваше еколошка акција во која учествуваа граѓаните, вработените во Општина Штип и комуналното претпријатие „Исар“.
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, рече дека е убеден оти оваа еколошка акција ќе биде добра база за зголемување на еколошката свест кај граѓаните, со мисла дека само чиста еколошка средина е предуслов за добро здравје на граѓаните.
Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Живко Тасев, истакна дека годинава има големи инвестиции во делот на подобрување на комуналната хигиена во градот.
– Јавното претпријатие „Исар“, годинава набави 90 контејнери и 700 канти за смет, од кои 500 ги подели на граѓаните. Воведовме и втора таканаречена еколошка смена, односно тоа е мобилна екипа која кружи низ градот, и кога ќе забележи несоодветно одложување на сметот во контејнерите, веднаш го чисти. Имаме и 15 таканаречени вградени контејнери со цел сметот од него да не се разлетува, вели Тасев.
Во акцијата учествуваа жителите на населбата „Три чешми“ и членовите на ОО на СДСМ-Штип. Општина Штип најави дека оваа лето еколошки акции ќе се реализираат и во останатите населби.
