Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека комуницира со поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска.
„Со нив сум пред се пријател, ги чувствувам за пријатели. Тешко им е, сочувствувам со нив, се би дал да можам да им помогнам“, додава Тодоров.
Поранешниот министер Никола Тодоров вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека граѓаните гласале за ВМРО-ДПМНЕ поради проектите, а не поради блокади и негативна кампања.
Тој вели дека не смета оти партијата треба да биде летаргична и ништо да не презема, туку напротив, но не се согласува со начинот или методите преку кои тоа се прави.
„Подобро е власта да се притисне да работи, подобро е да се претстави некое ново делување бидејќи блокада на Парламент видовме, и СДСМ правеше блокада. Дали СДСМ дојде на власт како резултат на блокада? Тие изборите ги изгубија, не ги добија“, вели Тодоров.
Според него, 75% се изјасниле дека гласале за таа партија заради позитивната програма.