29-годишниот ракометар Новак Бошковиќ, кој што играл и за селекцијата на Србија, е пронајден мртов во својот стан. Според првите неофицијални информации, најверојатно станува збор за самоубиство, бидејќи покрај него е пронајден пиштол кој го поседувал со дозвола.
Во тој момент со него во станот била и неговата сопруга, а мотивот ќе биде утврден во текот на истрагата.
Бошковиќ играше на позицијата десен бек, а во последно време играше во првенството на Израел.