Седум работници се повредени во експлозија на мина во фабриката Крушик во Ваљево, потврдија за Н1 од Вишото јавно обвинителство во тој град.
Повредените работници се згрижени во Ургентниот центар во Ваљево и како што дознаваме сите се со полесни повреди.
Експлозијата се случила утринава околу 9 часот во погонот каде што се врши завршното склопување на мини.
Нормално 20 работници работат во смени во салата каде што експлодира мина. Истрагата на која присуствуваа претставници на фабриката, Министерството за одбрана, обвинителството и полицијата, заврши околу 11 часот.
Причината за експлозијата се уште се утврдува, а остатоците од експлодираната мина се испратени на вештачење.
