Најмалку 60 луѓе загинаа откако денеска се преврте цистерна со бензин и експлодираше во северна Нигерија. Десетици други беа повредени.
Тешката трагедија ја пријави Федералниот корпус за безбедност на патиштата (ФЦПС), објави Ројтерс.
Не така одамна, во октомври 2024 година, слична експлозија ги однесе животите на 147 луѓе во државата Џигава. Тоа беше една од најлошите такви трагедии во најнаселената африканска земја.
Се верува дека повеќето од жртвите се сиромашни локални жители кои побрзаа да го соберат истурениот бензин откако цистерната се преврте.
Досега на местото на несреќата се пронајдени 60 тела.