Вечерва експлодирала плинска боца во Куманово, а животот го загубило едно лице.
Од СВР Куманово велат дека вечерва во 20:23 часот во било пријавено дека во куќа на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово настанал пожар од експлозија на плинска боца.
„Притоа, од експлозијата починал сопственикот Л.Д.(60) од Куманово. Смрт констатирал лекар, а увидот е во тек“, велат од СВР Куманово.