4NEWS.mk

Експлозии во Бангкок за време на АСЕАН, две повредени лица

Во експлозии на најмалку две бомби во Бангкок, каде се одржува состанок на министрите за надворешни работи на Југоисточна Азија, повредени се две жени, соопштија локалните власти.

На состаноците во главниот град на Тајланд присуствуваат и државниот секретар на САД, како и министрите за надворешни работи на Русија и наКина.

Полицијата уапси две лица осомничени за експлозиите.

Една експлозија одекна во предградие недалеку од владини згради, додека други беа во центарот.

Премиерот Прајут Чан-оча нареди спроведување итна истрага. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни