Владата на Талибанците го обвини Пакистан за нападот врз авганистанскиот главен град и бомбардирањето на пазар на истокот од земјата.
Една експлозија се случила кратко пред 22 часот по локално време во четврток на плоштадот Абдул Хак во Кабул, во близина на неколку министерства и националната разузнавачка агенција. Безбедносните сили го опколиле местото на настанот.
Владиниот портпарол Забихулах Муџахид изјави дека нема непосредни извештаи за повредени или штети. Тој ја опиша експлозијата како несреќа и рече дека е во тек истрага. Сепак, авганистанското Министерство за одбрана вчера соопшти дека Пакистан е одговорен за тој напад и за друг во источната покраина Пактика.
Пакистан: Авганистан се користи како база за операции против нас
Пакистан во минатото извршуваше напади на авганистанска територија за да ги таргетира она што го нарекува скривалишта и инсталации на милитантите.
Порпаролот на пакистанската војска, Ахмад Шариф, беше прашан на прес-конференција дали армијата го нападнала Авганистан за да ги таргетира лидерите на забранетите пакистански талибанци. Шариф не даде директен одговор на прашањето.
„Авганистан се користи како база за операции против Пакистан и постојат докази за тоа. Ќе бидат преземени неопходни мерки за заштита на животите и имотот на пакистанскиот народ“, рече Шариф на прес-конференција во северозападниот град Пешавар.
Пакистанските талибанци се сојузници на авганистанските талибанци
Пакистан во последните години доживеа пораст на насилство, при што пакистанските талибанци во голема мера ја преземаат одговорноста. Групата е одвоена од авганистанските талибанци, но во добри односи. Се верува дека лидерите и борците на пакистанските талибанци дејствуваат преку границата во Авганистан, тврдење што го негираат авганистанските талибанци.
Авганистанското Министерство за одбрана ги нарече двата напада „без преседан, насилни и гнасни“. Предупреди дека пакистанската војска ќе се соочи со последици ако ситуацијата се влоши. Соопштението не вклучува информации за наводни цели, жртви или штети.
Читај и ова:
- 1.Јошевска-Анастасовска: Обвинителството врши притисок и напад врз мојата слобода на говор
- 2.Метео аларм: Силен северен ветер во Повардарието и источните делови
- 3.Сиљановска-Давкова: 11 Октомври е потсетник дека слободата се брани со единство и храброст
- 4.Ја исклучувате ли климата?
- 5.Трамп прими бустер доза против Ковид – докторите велат срцето му е 14 години помладо од хронолошката возраст