Експлозии го потресоа Киев и оставија делови од градот без електрична енергија утринава, откако украинските воздухопловни сили прогласија воздушна тревога на целата територија на Украина во врска со ракетните напади што ги иницира Русија, објави Ројтерс.
„Воздушната тревога е поврзана со лансирањето на крстосувачки ракети од стратешките бомбардери Ту-95МС“, се вели во соопштението на Военото воздухопловство кое е објавено на нивните канали Телеграма.
Очевидци изјавија за Ројтерс дека слушнале експлозии во Киев кои звучеле како пукање на системите за противвоздушна одбрана.
Украина презеде превентивно прекинување на струјата во Киев и во неколку други области поради очекуваниот руски ракетен напад, објавија украинската армија и енергетскиот оператор. Електричната енергија е исклучена освен во главниот град и во регионите Одеса, Дњепропетровск и Доњецк.