Експлозија на рафинерија во Шпанија, две лица загинаа

Најмалку две лица загинаа денеска во експлозија во рафинерија за биодизел во регионот Ла Роха во североисточна Шпанија, соопштија локалните власти.

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата, пренесува Ројтерс.

Локалната телевизија објави видео на кое се гледаат облаци од црн чад над фабриката.

Според канцеларијата на локалниот градоначалник, поради експлозијата биле евакуирани 250 деца кои биле во посета на локалната фарма за птици, а нема повредени.

Рафинеријата е во сопственост на приватната компанија Inisijativas bioenerhetikas, која произведува биодизел и глицерин од рециклирани растителни масла.

 

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното