Експлозија во Атина, ранет полицаец

Во експлозија рано утринава во близина на црква во Атина, повреден е полицаец, јавува државната телевизија ЕРТ.

До експлозијата дошло пред црквата „Свети Дионисиј“ во атинскиот крај Колонаки околу пет часот по локално време.

Повредениот полицаец е пренесен во болница. Неофицијално тој го забележал сомнителниот пакет, и во миговите кога се приближувал кон него да види за што станува збор, експлодирал и му нанел повреди.

Извор: ТВ21