Свет

Eксплозија во Мадрид – две лица загинаа, а 18 се повредени

Eксплозија во Мадрид – две лица загинаа, а 18 се повредени

Најмалку две лица загинаа, а 18 се повредени во силна експлозија во четирикатница која се реновира во центарот на Мадрид, соопштија шпанските власти.

Двајца мажи кои работеа на зградата загинаа во експлозијата, изјави градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида, пренесе Ројтерс.

Што се однесува до 18-те повредени, повеќето немаат сериозни повреди, велат властите.

Мартинез-Алмеида претходно изјави дека четири лица се префрлени во болница, од кои едно е во тешка состојба и додаде дека се уште не е позната причината за експлозијата.

„Пожарникарите се внатре и ја проверуваат структурата на зградата и утврдуваат дали може да има повеќе луѓе внатре“, изјави тој за ТВ Телемадрид.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни