Експлозија во Пакистан, се стравува од повеќе жртви

Најмалку десет лица се убиени, а десетици се повредени во бомбашки напад врз шиитска џамија во пакистанскиот главен град Исламабад.

Полицијата соопшти дека истрагата за нападот е во тек, а повредените се однесени во неколку болници во градот.

Пакистанскиот министер за внатрешни работи Мохсин Накви го осуди нападот и им нареди на властите да обезбедат најдобра можна медицинска нега за повредените.

Никој сè уште не ја презеде одговорноста за нападот, но се сомневаат во терористички групи како што се Исламска држава или пакистанските талибанци, бидејќи овие групи претходно извршија напади врз шиитското малцинство во Пакистан.