Елеганција во движење: Еве како изгледаше сопругата на премиерот на свечената вечера во Литванија! (ФОТО)

Сопругата на премиерот Димитар Ковачевски, Елена зрачи со посебна елеганција, а истото можеше да се забележи на дводневниот Самит на НАТО кој се одржува во Вилнус, Литванија.

Имено, таа го придружуваше својот сопруг на Самитот, но и на свечената вечера, која во чест на шефовите на делегации на сојузниците на НАТО и партнерите, ја приреди претседателот на Литванија, Гитанас Науседа и неговата сопруга г-ѓа Дијана Науседа.

За овој настан, Ковачевска се одлучи за црн фустан со уникатен детаљ на рачно изработена бела ружа.

Зад фустанот стои познатата македонска дизајнерка Тања Кокев.