По повод првиот училишен ден, заменик генералниот директор на ЕЛЕМ, Фатмир Лимани, придружуван од директорот на РЕК „Осломеј”, Ќерим Халили денеска ги посетија основните училишта на општините Кичево и Пласница.
Тие им подарија училишен прибор како донација за првачињата од овие две општини.
-Ние како компанија секогаш сме помогнале онаму каде што сме сметале дека е најпотребно, и денеска сме тука да помогнеме со училишен прибор на они кои најмногу се радуваат на првиот училиштен ден, а тоа се првачињата, рече заменик генералниот директор на ЕЛЕМ, Фатмир Лимани, по доделувањето на донациите за учениците од кичевските училишта и основното училиште во село Лисичани, Општина Пласница.