Елена Перминова – жена која смело игра со трендовите

Додека дизајнерите ги прикажуваат своите ревии на Модната недела во Париз, светски познатите љубители на модата секојдневно ни покажуваат оригинални комбинации на облека и смела игра со трендовите.

Така, модната недела во Париз ги собра главните светски трендсетерки и љубители на модата, па деновиве во француската престолнина се претстави убавата Елена Перминова, руска манекенка, претприемачка, инфлуенсерка и милијардерка, без која некои од најважните модни ревии не би можеле да поминат.

Досега, ја видовме на две модни ревии – се појави на модните ревии на брендовите Диор и Балмејн, и двата пати избра прилично необично, но тренди издание.

Елена пристигна на ревијата на Диор во кратки беж плетени шорцеви, за кои се вели дека станаа тренд претходната сезона. Сепак, ова парче не може да се носи надвор од таквите модни настани бидејќи е толку минијатурно што наликува на гаќи.

Бидејќи шорцевите беа плетени, Елена остана на слични материјали, па стилот го искомбинира со џемпер со пруги, луксузно пончо во беж боја и скапа чанта Диор.

Многумина се зачудени што оваа 35-годишна девојка изгледа толку добро, имајќи предвид дека се породи во мај оваа година и го роди своето четврто дете-синот Саша. Таа ја доведе линијата до совршенство.

Патем, животот на Елена не личи на оној во кој порасна. Денес, таа има прекрасно семејство и е во брак со милијардерот Александар Лебедев (61), така што нема проблеми кога се во прашање парите, па носи најскапа облека и вози најдобри автомобили …

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното