ЕП ракомет 2020: Дуел на последните два европски шампиони

На шампионатот во ракомет денеска е слободен ден за македонската ракометна репрезентација, но затоа се играат шест натпревари во другите градови, а воедно стартуваат и дуелите во групата Е. 

Сепак главен дуел ќе биде натпреварот меѓу последните два европски шампиони актуелниот Шпанија и од пред четири години Германија што се игра во Трондхајм.
 
Денеска на првенството:
А група Грац: (2.коло)
Хрватска – Белорусија 16 часот
Црна Гора – Србија 18:15 часот
 
Ц група Трондхајм: (2.коло)
Летонија – Холандија 16 часот
Шпанија – Германија 18:15 часот
 
Е група Малме: (1.коло)
Унгарија – Русија 16 часот
Данска – Исланд 18:15 часот
 
Од Виена 
Марјан Ников

Извор: Сител телевизија