Во Косово владее епидемија на сезонски грип соопшти косовскиот Национален институт за јавно здравје каде од први октомври се се регистрирани 29.938 заболени од грип, 4.719 случаи на акутна инфекција на респираторниот систем и 43 случаи на тешка акутна инфекција на респираторниот систем.
Забележани се и потврдени четири смрттни случаи од свински грип (АХ1Н1) и шест смртни случаи предизвикани од вирус на инфлуенца тип А.
Косовското Министерство за образование, наука и технологија им препорача на сите предучилишни и училишни, приватни и државни, установи во кои учениците имаат симптоми на грип (висока температура, замор, болки во грлото, мачнини, главоболки, болки во абдоменот и мускулите) да ги избегнуваат контактите со здравите ученици и да останат дома, под лекарски надзор.