Американскиот гигант „Епл“ го претстави новиот „Ајфон 13“, како и подобрените модели на „Ајпад“ таблетите, проширувајќи ја 5-Г конективноста и прикажувајќи побрзи чипови и подобри камери.
Новите модели изгледаат идентично како „Ајфон 12“, со мала разлика што се подебели и достапни во повече нови бои.
Освен што има посветол екран, новата 13-ка има и свој ОЛЕД-дисплеј кој е 20 отсто „посјаен“ од претходната генерација.
Една од главните иновации во камерата е „филмскиот режим“, кој овозможува снимање на видео со динамичен фокус, на пр. на подвижен објект и ја замаглува позадината во реално време.
Телефонот ќе има и нов чип „А-15 Бионик“, а првичната цена на овој телефон е 699 долари.
Од компанијата се најавува и ажурирања на своите „Ајпад“ часовници, а паметниот часовник од серијата 7 ќе има поголем дисплеј и побрзо полнење. Првично ќе чини 399 долари и ќе биде достапен подоцна оваа есен.
Ажурирањето на „Ајпад“-от е, пред сѐ, во 5-Г поврзувањето и нов дизајн што го прави да личи на „Ајпад ер“ и „Про“ од повисоката класа. Уредот, исто така, има и нова камера за работа и следење настава од дома. Основната цена на обичниот модел е 329 долари, а на „Ајпад мини“ по цена од 499 долари. И двата ќе бидат достапни во текот на следната седмица.