Индискиот регулатор за цивилно воздухопловство (DGCA) издаде предупредување до „Ер Индија“ за кршење на безбедносните прописи откако три од нивните авиони „Ербас“ полетаа без претходно да ја проверат опремата за итни случаи, вклучително и слајдовите за итни случаи.
Според извештајот на DGCA, инспекциите спроведени во мај откриле дека тие авиони летале без потребните проверки на опремата за итни случаи, што претставува сериозно кршење на безбедносните стандарди, објави Ројтерс.
Проверките покажаа дека опремата за итни случаи, поточно слајдовите за спасување, не била тестирана или имала истечен рок на траење на сертификатите.
На 12. јуни, авион на „Ер Индија“ се урна во студентски дом на полетување од Ахмедабад до Лондон, при што загинаа над 241 лице, а едно ја преживеа трагедијата, а дополнително уште 39 лица кои биле сместени во студентскиот дом ги загубија животите.